Поврзете се со нас

Франција

Луис Енрике со емотивен говор по триумфот на ПСЖ: Дознавме тажна вест по крајот на натпреварот

Објавено

на

foto:twitter.com/PSG_Inside

ПСЖ вчера обезбеди уште една рутинска победа во француското првенство, а избраниците на Луис Енрике ги најавија трите бода уште во првото полувреме, во кое фактички ги постигнаа сите четири погодоци.

Гостувањето кај Анжер сепак завршило со трогателна информација, бидејќи делегацијата на ПСЖ била информирана за смртта на сопругата на долгогодишен асистент на тренерот Луис Енрике.

Се работи за неговиот сонародник Рафел Пол, чија сопруга Ракел вчера починала по долга битка со тешка болест. Шпанскиот стручњак имал емотивно обраќање по натпреварот и ја посветил победата на Ракел.

– Сакаме да и ја посветиме победата на Ракел, која за жал почина денеска.

– Зборувам од името на сите во ПСЖ, сакаме да ја посветиме победата и на Рафел и нивните фамилии, Ракел никогаш нема да не напушти, таа секогаш ќе биде со нас. Ова е многу тажен момент, дознавме за смртта по крајот на натпреварот, – рекол Луис Енрике.

Пол соработува со Енрике со краток прекин уште од 2011 година, кога двајцата беа дел од стручниот штаб на Рома.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни