Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Луис Енрике со чудна изјава по поразот од Милан: Ова не личеше на фудбалски меч!

Објавено

на

Foto:twitter.com/PSG_inside

ПСЖ не успеа да ја повтори партијата од „Паркот на принцовите“ и не беше ниту одблиску на исто ниво на синоќешниот натпревар на „Сан Сиро“, кој Милан го искористи за „слатка одмазда“ и важни три бода.

„Групата на смртта“ влегува во црвена фаза и сега сите четири тима имаат големи шанси за пласман во осминафиналето во Лигата на шампионите, со тоа што Милан со пресврт победата сега има 5 бода, 1 помалку од ПСЖ и два од Борусија Дортмунд.

„Росонерите“ ќе играат одлучувачки меч со Борусија во следното коло, додека ПСЖ ќе го пречека Њукасл и ќе брка поволен резултат за да избегне големи непријатности во последното коло.

Луис Енрике е свесен дека ќе биде под лупа доколку тимот не оствари пласман во нокаут рундата, а за да не дојде до такво нешто, смета дека неговиот тим мора да постави многу подобра рамнотежа на теренот.

– Ми се допаѓаше како стартувавме и како игравме. Први постигнавме гол и имавме уште многу шанси во првиот дел. Единствениот проблем беше тоа што дозволивме мечот да стане луд. Ова требаше да биде фудбалски меч, а не тениски меч. На крајот не личеше на фудаблски меч, се играше од крај на крај, напад за напад, изгледаше како тениски меч и тоа не ми се допадна.

– Видов два доста изедначени тима кои играа без некоја посериозна иницијатива. Сакав да имаме многу повеќе контрола врз случувањата на теренот, не сакав да се игра од крај на крај, таквата игра секогаш носи ризик, – изјави Лучо по поразот од 2:1.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни