Шпанија
Луис Енрике си го одржа зборот со СП во Катар и ја импресионираше шпанската јавност (Фото)

Луис Енрике имаше неславен крај на етапата како шпански селектор и заработи отказ по раната елиминација на мундијалот, кој ќе остане во сеќавање и на интересните излагања кои ги имаше на познатата стриминг платформа.
Популарниот Лучо побегна од „комфор-зоната“ и направи нешто револуционерно кога се во прашање тренерите, односно покрај стандардните прес-конференции, одржуваше вклучувања во живо за фановите и одговараше на нивните прашања преку каналот на Твич.
За да можат да му поставуваат прашања, фановите мораа да бидат претплатници и издвојуваа одредена сума за вклучување во емисијата, а Луис Енрике уште тогаш најави дека собраните средства ќе ги донира на едно онколошко одделение во Шпанија кое лечи болни од рак.
Познатиот стручњак си го одржа зборот и денеска откри дека собрал 30 илјади евра од своите 10 сесии на Твич за време на мундијалот во Катар, по што неговиот потег наиде на голем поздрав во јавноста.
Луис Енрике ја загуби својата деветгодишна ќерка Хана како последица на рак, поради што мораше да направи прекин и да ја напушти селекторската позиција во првата етапа.
— LUISENRIQUE (@LUISENRIQUE21) March 31, 2023
-
АТПпред 24 часа
Ѓоковиќ откри што му кажал на Алкарас: Видов дека се мачи…
-
Светпред 21 час
Руни: Нема да му биде лесно на Меси во МЛС лигата, нема да дојде и…
-
АТПпред 11 часа
Алкарас откри што било главна причина за неговите проблеми: Кој го вели спротивното за Ѓоковиќ, тој лаже!
-
Шпанијапред 23 часа
Димитриевски е на листата на потенцијални засилувања за Реал
-
Лига на шампионипред 22 часа
Халанд: Финалето ќе биде посебно, имаме мисија која…
-
Лига на шампионипред 20 часа
Де Брујне пред финалето со Интер: Секогаш е истата приказна…
-
Италијапред 8 часа
Погрешен прв чекор: Ѕвезда на Интер падна излегувајќи од автобусот во Истанбул (Видео)
-
Лига на шампионипред 11 часа
Гвардиола ги издвои двајцата играчи на Интер кои посебно го импресионирале: Имам план за финалето