Луис Енрике се налути уште на првиот прес: Јас сум Астуриец, Хихонец, Шпанец и исто така…. (Видео)

luis-enrike-spanija

Луис Енрике денеска и официјално беше претставен како нов селектор на шпанската фудбалска репрезентација, а уште на првиот прес, поранешниот тренер на Барселона ја продолжи нетрпеливоста со одреден дел од претставниците на „седмата сила“.

Дел од новинарите се обидоа да го испровоцираат Луис Енрике за минатото кое го имаше како играч на Реал Мадрид и Барселона, а бидејќи според многумина тој е поблизок до каталонското сфаќање на фудбалот отколку шпанското, ваквите убедувања од луѓето во прес салата експресно го налутија стручњакот.

Луис Енрике најави дека уште при неговата прва листа ќе има неколку изненадувања во составот, но на провокативното прашање имаше подготвено одговор со кој порача дека се пронаоѓа себеси во четири делови од Шпанија.

– Јас сум Астуриец, Хихонец, Шпанец и исто така Каталонец, – изречно и со нервозен тон порача Луис Енрике.

Facebook Коментари