Поврзете се со нас

Франција

Луис Енрике режираше урнебесна сцена со најнегативниот новинар во Франција: Навистина си опседнат, затвори го очите….. (Видео)

Објавено

на

Луис Енрике режираше вистинско шоу по натпреварот против Рен кој неговиот ПСЖ го одигра пред неколку месеци, но нешто слично повторил и вчера по крајот на натпреварот на „Паркот на принцовите“.

За разлика од првиот меч, ПСЖ сега само ремизираше со Рен и се спасуваше со гол во судиското продолжение, а во новата епизода на Лучо повторно соговорник беше новинарот Александре Луиз.

Луис Енрике распали по победата: Ти си најнегативниот човек во историјата на фудбалот (Видео)

Претставникот на Лига 1 беше посочен како најнегативен човек во историјата на фудбалот од страна на Луис Енрике во месец октомври, па новинарот сега се погрижи за нова урнебесна сцена со прашањата кои му ги постави на тренерот.

Иако Луис Енрике му порарча дека воглавно е задоволен по избореното реми во самата завршница, Луиз го запраша дали видел негативни работи во играта на неговиот тим.

– Ти си опседнат со негативното, навистина си опседнат. Обиди се да бидеш позитивен…… Затвори ги очите, затвори ги очите….. Замисли дека гледаш сонце, дека гледаш сино небо пред себе….. Вдиши, издиши, вдиши, издиши……, – ми порача Лучо на новинарот, па додаде.

– Ќе ти ги кажам позитивните работи. Немавме инспирација во нападот како обично, но покажавме дека сме тим кој има различни квалитети и дека сме тим кој не се откажува до самиот крај, – додава тренерот на ПСЖ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни