Поврзете се со нас

Светски првенства

Луис Енрике посебно воодушевен од еден играч на Мароко: Не му го знам името, од каде излезе тоа момче (Видео)

Објавено

на

Луис Енрике немаше никаква забелешка за своите играчи по елиминацијата во осминафиналето на Светското првенство, но селекторот на Шпанија одговорно си ја завршил задачата до крај и решил да одговара и на прашањата од мароканските новинари.

Едно видео од популарниот Лучо стана доста актуелно на социјалните мрежи, а причина за тоа е одговорот кој го дава по прашање кое го добива од африкански новинар.

– Позитивно ме изненади играчот со број осум. Извинете, не му го знам името, но мајко мила…. Од каде излезе тоа момче….., – изјавил Луис Енрике за Оунахи.

Станува збор за играч на француски Анже, кој објективно гледано вчера беше еден од оние кои најмногу претрчаа на теренот.

– Игра многу добро, навистина ме изненади. Хакими е очигледно добар, Зијеш исто така, Ен Несири го познаваме добро во Шпанија, исто и Амрабат, но овој не престана да трча. Зборувавме за него со мојот стручен штаб. Беше спектакуларен, му посакувам многу среќа на Мароко, – изјави Луис Енрике.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни