Поврзете се со нас

Светски првенства

Луис Енрике по болната елиминација: Бев неправеден само кон еден фудбалер

Објавено

на

Иднината на Луис Енрике како селектор на шпанската фудбалска репрезентација е крајно неизвесна, а свесен за тоа е и самиот Лучо кој по елиминацијата во осминафиналето најави дека ќе има средба со претседателот на Федерацијата (Рубиалес), по што многу работи ќе бидат појасни.

Шпанија не ја оправда фаворитската улога и загуби од Мароко во пенал рулетот, пред кој најголемата шанса за победа не ја реализираше Пабло Сарабија.

Играчот на ПСЖ првпат влезе во игра на овој мундијал во 118-та минута и во првата акција го погоди дирекот, а потоа беше еден од тројцата играчи кои не го реализираа ударот во пенал рулетот.

– Ова е спорт, немам забелешка за моите фудбалери. Игравме како што сакавме, доминиравме, но немавме доволно шанси за гол. Боно беше најдобар играч и му честитам на Мароко, им посакувам се најдобро. Немам одговор за мојата иднина во овој момент. Што се однесува само до мене, поради љубовта која ја чувствувам тука, би останал до крајот на животот. Сепак, треба да седнеме на маса и да ја донесеме најдобрата одлука за мене и селекцијата.

– Нависитна немам забелешки за моите играчи, бев неправеден само кон еден фудбалер. Тоа е Пабло Сарабија. Го ставив во игра за да шутира пенал, а тој влезе во две шанси и го погоди дирекот. Направив грешка, ми покажа дека заслужил многу повеќе минути, – изјави Енрике.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни