Светски првенства
Луис Енрике откри каква порака добил од Флик по крајот на мечот: Се надевам дека ќе ни се исполни предвидувањето за финале

Луис Енрике уште по крајот на вчерашниот меч се обиде да ги смири Германците и им порача дека Шпанија нема да калкулира против Јапонија, односно ќе оди на победа која според математиките треба да отвори шанса за „панцирите“ да се најдат во осминафиналето.
За да се случи тоа, тимот предводен од Ханси Флик ќе мора да ја победи Костарика и да се надева на услуга од Шпанија, за која Луис Енрике уверува дека навистина ќе се потруди поради добриот однос кој го има со германскиот селектор.
На денешната најнова сесија која ја имаше на стриминг платформата Твич, Лучо откри каква порака добил од Флик по крајот на натпреварот, но воедно го обелодени и заедничкиот тип кој го дале за финалето на Светското првенство.
– Веднаш по крајот на натпреварот ми пријде Флик и ми порача дека мора да победиме против Јапонија. Уште вчера кажав, ние дефинитивно нема да калкулираме.
– Имам навистина многу добар однос со Флик, тој покажува огромна почит и си рековме дека ќе биде најдобро да се видиме пак на 18-ти декември. Како два тима од иста група, можеме да играме пак само во финале и на шега, но и малку сериозно, си рековме дека ќе се видиме пак на 18-ти декември. Да се надеваме дека ќе се исполни тоа предвидување, – порача Лучо.
-
Светпред 20 часа
Судот во Мадрид ги нападна УЕФА и ФИФА и донесе пресуда во корист на Суперлигашите
-
Германијапред 21 час
Кансело позираше со новиот дрес и со само пет збора се прости од Сити (Фото)
-
АТПпред 23 часа
Момент кој не се виде во телевизискиот пренос: Прославата на Ѓоковиќ по последниот поен од вистински агол (Видео)
-
Шпанијапред 24 часа
Барселона почна преговори за продажба на Белерин после само шест месеци: Се задоволува со минимален надоместок
-
Англијапред 15 часа
Јунајтед договори засилување од Баерн (ВИДЕО)
-
Македонијапред 21 час
Антиќ со совет до младите кошаркари: Не гледајте НБА лига, Јокиќ игра со 50 проценти!
-
Англијапред 15 часа
Беше шокиран: Реакцијата на Кукуреља за трансферот на Жоржињо во Арсенал (ВИДЕО)
-
Италијапред 12 часа
Марота: Нема повеќе клупски легенди, мораме да ја почитуваме одлуката на Шкриниар