Шпанија
Луис Енрике објасни зошто направи директен премин во Барса по пет години минати во Реал
Луис Енрике Мартинез во својата втора половина од играчката кариера прерасна во фудбалска легенда на Барселона, но оние кои подолго ги следат случувањата во шпанскиот фудбал, сигурно се сеќаваат дека офанзивниот играч имаше и долга етапа во Реал Мадрид.
Всушност, Луис Енрике се проби на фудаблската сцена како играч на Реал и беше во Мадрид од 1991-ва до 1996-та година, но потоа мина цели осум години во Барселона каде стави и крај на професионалната кариера.
Со оглед на тоа што до неодамна беше и тренер на Барселона, Луис Енрике повеќе е поврзан за каталонскиот гигант, а сега како селектор на шпанската фудбалска репрезентација, објасни зошто направи директен премин на „Камп Ноу“ пред 24 години како слободен агент (Реал не заработи ништо за него).
– Сега кога помина толку многувреме, тоа е една од најубавите работи кои ги паметам. Ми завршуваше договорот со Реал после пет години. На крајот, не постигнавме договор за продолжување. Тие сакаа да продолжам, но не постигнавме договор, не ме убедија. Од тој момент, го избрав патот кој мислев дека е најдобар.
– Во овој свет, сите сакаме да бидеме паметени по добро. Јас ги прифатив критиките, но знаев како да се носам со тоа. Се сеќавам и на изјавата на Капело кој не можеше да разбере како си отидов гратис, – додава Енрике кој за крај даде коментар за неговата контроверзна реакција на „Бернабеу“ кога постигна гол како член на Барса на „Ел Класико“.
– За некој што дава гол, треба да го прослави онака како што мисли во тој момент, – едноставно одговори стручњакот во разговорот за „Colgados del Aro“.
-
Балкан19 часа
Панчев воспоставил конекции за остварување на голема цел: Хуманитарни натпревари меѓу Вардар-Звезда и Македонија-Србија
-
Италија21 час
Наместо отказ, Јувентус побарал две работи од Мота до крајот на сезоната
-
Свет21 час
Невидена глупост во Бугарија: Минута молк за фудбалер кој испадна дека е жив! (Видео)
-
Репрезентација20 часа
Трогателна сцена од тренингот на Македонија: Обединети во тагата (Фото)
-
Свет19 часа
Хамес се смета за подобар од четири фудбалски легенди, вклучувајќи ги и Зидан и Модриќ: Во моите најдобри денови……
-
Шпанија18 часа
Непоразениот играч во тимот на Барселона: Набрзо ќе донесам одлука за мојата иднина
-
Балкан15 часа
Официјално: Вардар и Црвена Звезда ќе одиграат хуманитарен меч за трагедијата во Кочани! (Фото)
-
АТП19 часа
Ѓоковиќ доби тешка ждрепка и на Мастерсот во Мајами (Фото)