Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Луис Енрике објасни зошто го изоставил Дембеле: Ова е најдобра одлука за тимот

Објавено

на

Foto:twitter.com/PSG_English

Луис Енрике ова утро го изостави Усман Дембеле од составот на ПСЖ и не го повика за европското дерби со Арсенал, па оваа вечер мораше да објаснува за што точно станува збор.

Шпанскиот стручњак е педантен и принципиелен и е познат по тоа што не препознава ѕвезди во својот тим, а иако не сакаше да открива за што точно станува збор, од неговата изјава слободно може да се заклучи дека се работи за недисциплина.

Дембеле беше познат по своите доцнења на тренинзите во Барселона и непрофесионализмот е симбол за него од време на време, но такви работи очигледно не толерира Лучо кој сега реши привремено да го отстрани од тимот.

– Ако некој на сериозен начен не ги исполнува обврските кои ги има кон тимот, за мене тоа значи дека не е подготвен за игра. Во една недела која е многу важна за нас, потребни ми се играчи кои се фокусирани и посветени. Ако некој не ги исполнува очекувањата, тогаш нема да оди со нас.

– Вчера морав да донесам тешка одлука за Дембеле, но таа е најдобра за тимот. Би го направил уште 100 пати во иднина. Тоа не значи дека мојата одлука е неотповиклива, но јас дојдов тука за да направам тим и група. Дембеле ќе остане дел од тимот. Немаше лоша дискусија меѓу мене и него, нема проблем меѓу играчот и тренерот. Има проблем со неговите обврски кои ги има кон тим, но потоа се коригира за пет минути. Овојпат решив да не патува со нас, – изјави Енрике.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни