Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Луис Енрике: Не се плашиме и нема да го менуваме својот пристап поради Ливерпул

Објавено

на

Foto:x.com/PSG_inside

ПСЖ постигна четири гола во мрежата на Лил во едно полувреме и уште во раната фаза ја обезбеди победата, што дефинитивно беше најдобра увертира за тоа што следи, односно осминафиналето во Лигата на шампиони.

Тимот на Луис Енрике изгледа навистина сериозно во последно време и сега ќе го добие најголемиот тест во двете пресметки со Ливерпул, екипа која според Лучо е најдобра во Европа во овој момент.

– Против Лил го одигравме најдоброто полувреме оваа сезона, постигнавме четири гола против тим кој игра во Лигата на шампиони. Задоволен сум од изгледот на тимот, ова беше најдобра подготовка за Ливерпул.

– Сега ни следат два меча со Ливерпул и почнуваме да се фокусираме на тоа. Мора да се опоравиме брзо и да бидеме амбициозни. Ливерпул е тимот кој е во најдобра форма во Европа, не само поради резултатите, туку и поради начинот на кој играат. ПСЖ против Ливерпул слободно можеше да биде финале во Лигата на шампиони.

– Целта е да го покажеме нашете најдобро лице и да се прикажеме во најдобро светло. Нема да менуваме многу за Ливерпул, сметам дека пресингот на Лил и Ливерпул е доста сличен, но има и доста разлики. Не чека многу комплицирана работа, но ние сме во најдобриот период од сезоната и нема да тактизираме. Не се плашиме и нема да се браниме, ќе нападнеме и ќе се обидеме да ги свртиме работите во наша корист, – најави Лучо.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни