Луис Енрике на официјалната презентација упати остри зборови кон Морено: Не сакам таков човек…

enrike

Луис Енрике денеска и официјално беше претставен како нов предводник на репрезентацијата на Шпанија.

Енрике се враќа на клупата на „фуријата“ по турбулентниот период на приватен план и потпиша договор со шпанската федерација до крајот на Европското првенство.

Иако многумина очекуваа Роберто Морено да му биде помошник во репрезентацијата, Луис Енрике по своја одлука ја одби таквата можност, па сега соработници во стручниот штаб ќе му бидат Хесус Касаси Аитор Унизе.

– Одлуката да не биде во стручниот штаб е само моја. Не беше лојален. Јасно ми речее дека ќе биде селектор на Европското првенство, а дека потоа ќе се врати да ми биде помошник. Не сакам некој како него во тимот. Не е добро да бидеш преамбициозен, -истакна Луис Енрике.

Голем дел од шпанската јавност е на страната на младиот  Роберто Морено кој успеа да ја  однесе „фуријата“ на континенталниот собир без ниту еден пораз во квалификациите.

Facebook Коментари