Поврзете се со нас

Франција

Луис Енрике: Можеме да растеме како екипа само со исполнување на еден услов

Објавено

на

Фото:twitter.com/PSG_English

ПСЖ ќе има сериозен предизвик во француското дерби со Монако во домашното првенство, а тренерот Луис Енрике денеска зборувал искрено пред новинарите околу ситуацијата во неговата екипа.

Главна забелешка на Шпанецот е што нема доволно конкуренција во првиот тим на „светците“, а тоа не дозволува вистински раст на екипата.

– Би сакал да имам по двајца квалитетни играчи на секоја позиција и тие да можат да бидат првотимци, со што би имале вистинска конкуренција.

– Тоа го имаме само со тројцата голмани, додека кај фудбалерите во поле често не можеме да сметаме на некого. Според мене, главен услов за да растеме како екипа е фудбалерите да не знаат дали ќе играат или не на следниот натпревар.

– Факт е дека за одредено ниво им е потребна минутажа, но важно е и да знаат дека можат да останат во втор план на некој дуел. Јас и клубот работиме на тоа да имаме 15 до 17 играчи кои можат да бидат првотимци во секој момент, – рекол Луис Енрике.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни