Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Луис Енрике: Ливерпул има три авиони во тимот

Објавено

на

Foto:x.com/PSG_inside

Луис Енрике најави дека нема да го менува пристапот за натпреварот против Ливерпул, а таквиот став само го потврди на денешната официјална прес-конференција пред осминафиналето во Лигата на шампиони.

Францускиот првак утре ќе го пречека најразиграниот и најконстантниот тим во Европа, па во својата анализа која ја направи за ривалот, шпанскиот стручњак не пропушти да нагласи дека Арне Слот направил вистинска машинерија и тим кој има три „авиони“ во нападот.

– Како да се победи Ливерпул? Идејата е јасна, да ги повториме партиите од последно време, да го имаме истиот став од завршницата во Лигата на шампиони. Тоа што играме против Ливерпул не менува ништо за нас, треба да се обидеме да бидеме супериорни, да имаме повеќе шанси од нив и да имаме повеќе посед на топка. Нема сомнеж дека ги одмеруваме силите со најрегуларниот тим во Европа, но нашата поставеност нема да се промени поради нив, – најави Лучо.

– Ливерпул е еден од најдобрите тимови во Европа со години наназад. Работата на Слот после ерата на Клоп тешко дека некој може да ја подобри. Изгради машина за играње фудбал, може да напаѓаат со забавено темпо, но и со голема брзина.

– Бројките кои ги имаат се неверојатни, имаат комплетен тим. Не се работи само за Салах, имаа три авиони во нападот со Салах, Гакпо и Диаз и не е лесно да се справите со авиони. Сепак, не треба да мислиме на нив, овој двомеч треба да ни покаже дека и ние имаме такво ниво. Сакаме да покажеме дека сме рамо до рамо со најдобрите во Европа, – изјави Енрике.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни