Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Луис Енрике: Лекцијата од пред три години ми помогна за пенал рулетот против Ливерпул

Објавено

на

Foto:x.com/PSG_English

Луис Енрике не ја криеше својата радост и со огромни емоции го прослави пласманот во четвртфиналето уште на теренот на „Енфилд Роуд“, по што беше максимално срдечен и благонастроен кон противникот за кого не штедеше комлименти.

Во својата прва анализа по импресивниот двомеч на „Паркот на принцовите“ и „Енфилд“, популарниот Лучо нагласи дека и двата тима заслужиле билет меѓу осумте најдобри, признавајќи дека неговиот тим вчера бил надигран на гостувањето кај лидерот во Премиер лигата.

Избраниците на Луис Енрике на крајот се покажаа како перфектни изведувачи на ударите од 11 метри, меѓутоа клучен фактор беше Џиџио Донарума кој со две одбрани ги откажа домаќините.

За време на прес-конференцијата, Луис Енрике им откри на новинарите дека немал подготвено план за пенал рулетот, туку едноставно се водел по чувството и самодовербата на играчите кои во најголем дел сами се пријавиле да шутираат.

– Не трениравме пенали пред натпреварот. Искуството ми има покажано дека тоа не е потребно. Ја научив лекцијата посебно пред три години, кога со Шпанија игравме против Мароко на Светското првенство. Овојпат одлучив да верувам на чувството на играчите, самите беа сигурни дека мора да изведат пенал, – порача Луис Енрике.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни