Луис Енрике го врати „заборавениот“ бек во репрезентацијата, па ги изнасмеа новинарите (Видео)

luco-nasmean

Откако ја презема шпанската фудбалска репрезентација, Луис Енрике најголеми забелешки добиваше за тоа што во своите листи ниту еднаш не го вклучи Жорди Алба, фудбалер за кого се смета дека имаат нарушени односи уште од времето од последната сезона на Лучо во Барслеона.

За да ги смири сите овие шпекулации, Луис Енрике денеска одлучи да го вклучи дефанзивецот на Барселона во својата најнова листа на фудбалери, а покрај тоа што даде објаснување за својата одлука, успеа да ги изнасмее новинарите со еден одговор.

– Немам норма поради која донесувам одлуки за нешто што е актуелно. Не слушам никого бидејќи најтешко во животот е да донесувате одлуки. Не се промени ништо во споредба со минатите листи. Немам личен проблем со него, работевме три години заедно и многу добро го познавам. Не сум добил повик од него. Оваа одлука е чисто професионална, лична во ниту еден случај, – истакна Луис Енрике по што доби едно необично прашање.

Висенте Дел Боске во 2010 година истакна дека сака да личи на Серхио Бускетс. Од актуелниот состав, на кој играч сакате да личите вие, – гласеше новинарското прашање на кое Лучо одговори:

– Жорди Алба, иако јас сум малку повисок, – истакна Енрике кој со својата реакција ги изнасмеа новинарите.

Facebook Коментари