Поврзете се со нас

Свет

Луис Енрике го тргна фудбалот настрана и со свои зборови долови каков човек е Мбапе (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/PSG_English

Луис Енрике имаше доста турбулентна прва сезона во ПСЖ и покрај тоа што истата беше и повеќе од коректна, бидејќи во најголем дел од неа мораше да одговара и на теми кои беа измислувани од француската јавност.

Медиумите од Франција често знаеја да пишуваа за нарушен односн меѓу тренерот и првата ѕвезда на тимот, Килијан Мбапе, а иако двајцата демантираа такво нешто во повеќе наврати, сега навистина вреди да се слушне последното обраќање кое го имал Лучо за „Мовистар плус“.

Страста која ја покажува шпанскиот тренер додека зборува за Мбапе се навистина на едно завидно ниво, па тоа само по себе покажува каков впечаток оставил Французинот кај искусниот стручњак.

– Во случајот со Килијан, наидов на извонреден играч и личност која е на исклучително високо ниво, нешто што ретко може да се најде кога станува збор за играч со таква класа. Тој е хуман, приврзан со сите и има близок однос со луѓето околу него. Прекрасен играч, но и човек.

– Вистинска штета е што замина во Мадрид, особено за нас во Париз. Но, тоа е дел од играта и дел од животот. Му посакуваме се најдобро, му посакуваме да му оди само добро. Немам што да му забележам, сега се обидуваме како тим да ги покриеме недостатоците кои се јавија по неговото заминување. Секогаш беше љубезен со сите и многу почитуван во клубот. Истото важи и за неговиот брат и за неговите родители, нависитна прекрасно семејство, – вели Луис Енрике.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни