Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Луис Енрике: Го прекршив своето непишано правило по првиот меч со Ливерпул

Објавено

на

Foto:x.com/PSG_inside

Луис Енрике со огромна самодоверба допатува во Ливерпул и најави дека неговиот ПСЖ ќе брка победа на „Енфилд Роуд“, стадион на кој се надева дека ќе биде исправена неправдата од првиот натпревар на „Паркот на принцовите“.

Шпанскиот стручњак во најавата за реванш осминафиналето посочи дека „светците“ нема што да загубат во ситуација кога имаат негатива од првиот меч, па планот е да се изврши апсолутен пресинг и притисок врз тимот на Арне Слот, исто како што беше случај пред седум дена во Париз.

Оптимистичниот Лучо тврди дека неговите играчи едвај чекаат да излезат на теренот, но исто така откри дека прекршил едно негово непишано правило по првиот меч со Ливерпул.

– Речиси никогаш не зборувам со моите играчи по крајот на еден натпревар, мислам дека тоа не е идеален момент да се зборува за натпревар на кој не може веќе да се промени ништо. Сепак, после првиот меч со Ливерпул го прекршив моето непишано правило, одлучив да разговарам со моите играчи, сакав да ги подигнам и да им кажам дека направија апсолутно се како што треба. Секогаш може да се направат исклучоци во фудбалот, а тоа беше момент за да направам исклучок.

– Сите мои играчи едвај чекаат да излезат на теренот, нема некој што не сака да игра. Знаеме дека „Енфилд“ е легендарен стадион во Европа, има моќна историја, но тоа е само мотив плус за нас. Да одиграме добар натпревар против многу добар Ливерпул на негов терен. Тоа ни служи само како дополнителна мотивација за победа, – нагласи Лучо.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни