Франција
Луис Енрике го прецртал играчот за кој Ал Келаифи издвои 95 милиони евра
![](https://derbi.mk/wp-content/uploads/2024/10/luco-emirejts.jpg)
ПСЖ пред само една година плати 95 милиони евра за да го врати Рендал Коло Муани во Франција, но една година подоцна испаѓа дека цела оваа операција беше големо промашување.
Францускиот репрезентативец беше доведен за да се подготви на идеален начин во ситуација кога се знаеше дека следи заминување на Килијан Мбапе, но Муани не само што не ги оправда средствата, туку сега стана и прекуброен во тимот на Луис Енрике.
Откако се претвори во стандардна резерва во изминатиот период, напаѓачот го допре дното на дерби натпреварот против Лион кој се играше изминатиот викенд, од едноставна причина што Луис Енрике реши да не го повика поради техничка одлука.
Муани одигра вкупно 39 минути на последните шест натпревари за ПСЖ, а како што се ближи зимскиот преоден рок, така француските медиуми се се погласни за негов трансфер во друг клуб.
Популарниот „Лучо“ го прецртал скапото засилување и тешко дека оваа негова одлука ќе се промени, па најидеално сценарио за Рендал би било да си пронајде нова средина уште во јануари.
Француските медиуми пренесуваат дека ПСЖ во прв момент би се согласил и на позајмица, а во такви услови најзаинтересиран кандидат е Монако.
Не треба да е заборави дека Насер Ал Келаифи во 2023-та година преговараше речиси цело лето со Ајнтрахт Франкфурт за потписот на Коло Муани, па затоа ќе биде уште почудно ако ПСЖ се откаже од него и го продаде во трансфер кој сигурно нема да биде ниту приближно до сумата која ја издвоија „светците“.
-
Светски првенства17 часа
Пешевски ветува: Ова е само почеток, ќе гледате уште поборбена Македонија!
-
Шпанија23 часа
Анчелоти го крена гласот: Сигурно не сум најглупавиот во светот…..
-
Шпанија17 часа
Јамал правеше чуда, Барселона испука „петарда“ и во мрежата на Бетис (Видео)
-
Шпанија22 часа
Ракитиќ со искрена желба и совет до Реал Мадрид: Се надевам дека оваа порака ќе ја слушне Перез!
-
Светски првенства18 часа
Лазаров: Неискуството не остави без победа, но јас сум горд на играчите!
-
Германија22 часа
„Отпишаниот“ Кариус ќе ја спасува кариерата во престижен германски клуб (Фото)
-
Англија22 часа
Клоп откри какво шоу ќе приреди доколку Премиер лигата му ги одземе титулите на Сити (Видео)
-
Свет23 часа
Барди доби специјална плакета од Трабзонспор, два шпански прволигаши веќе го контактирале Македонецот