Поврзете се со нас

Франција

Луис Енрике ги „откачил“ новинарите: После 30 години во фудбалот…

Објавено

на

Foto:twitter.com/PSG_English

Француските новинари не пропуштаат шанса да побараат коментар од Луис Енрике, за постојаните шпекулации поврзани со фудбалерите на ПСЖ и неговиот однос со нив.

Тренерот на францускиот првак сепак решил да елиминира било каков обид за разговори на таа тема, посочувајќи им на претставниците на медиумите дека нема да добијат ниту една критика за некој од фудбалерите.

– Немам никаква намера да се оценувам или да се правдам, зборувате за притисок и тензија, но јас знам дека атмосферата во соблекувалната е одлична.

– Повеќе од 30 години сум во фудбалот и нема да губам време на шпекулации, мојата најважна цел е да го претставувам ПСЖ на достоен начин.

– Тешко ќе добиете критики за некој фудбалер од мене. Ако имам нешто да кажам, на фудбалерот ќе му го кажам тоа во четири очи и далеку од јавноста. Понекогаш е тажно кога ќе слушнам одредени шпекулации, бидејќи тие се далеку од вистината, – рекол шпанскиот стручњак.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни