Поврзете се со нас

Шпанија

Луис Енрике ги именуваше двајцата најдобри дефанзивци со кои се соочил во кариерата: Роберто Карлос не беше брз…..

Објавено

на

Foto:twitter.com/SEFutbol

Луис Енрике направи двојна најава за мечот против Коста Рика кој се игра денеска, бидејќи покрај стандардната прес-конференција, во вечерниот термин одработи уште една стриминг епизода на својот Твич профил.

Шпанскиот селектор позитивно одговара на сите предизвици кои ги носи модерното време и реши да стане „стример“ за време на мундијалот во Катар, но покрај стандардните изјави и најавите за натпреварот со Костариканците, даде и една интересна изјава за најтешките ривали кои ги имал во кариерата.

Луис Енрике своевремено беше еден од најдобрите на својата позиција, но покрај многу врвни играчи со кои се сретна на теренот, реши посебно да издвои две имиња.

– Се сеќавма дека против Италија играв како „9-ка“ на мундијалот во 1994-та година и на тој натпревар ме чуваше Малдини. Имав чувство како зад мојот грб да имам ѕвер. Висок, силе и убав, беше најдобар во тој момент.

– Би го издвоил него, а од Реал Мадрид, Роберто Карлос. Роберто Карлос не беше брз, туку следното: Роберто Карлос беше кошмар, – потенцира Луис Енрике.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни