Франција
Луис Енрике еуфоричен по „шестката“ на ПСЖ: Можевме да постигнеме десет гола
ПСЖ го отвори второто коло во француското првенство со убедлива победа од 6:0 против Монпелје, со што актуелниот шампион постигна десет гола на првите два натпревара.
Засега фановите немаат причина за загриженост и покрај заминувањето на Килијан Мбапе, а тренерот Луис Енрике не крие дека е презадоволен од тоа што го гледа.
Шпанскиот стручњак дури смета дека раководството на ПСЖ тешко би можело да го награди квалитетот на актуелниот тим.
– Навистина е тешко да се подобри оваа екипа. Како тренер сум задоволен и среќен, ќе биде многу комплицирано да се надгради она што го имаме во моментов. Дали имаме подобар тим од минатата сезона ќе знаеме на крајот на сезоната, – рекол Луис Енрике.
– Ми се допадна начинот на кој Асенсио и Коло Муани одиграа во нападот како „деветки“, навистина сум задоволен што ги имам овие играчи. Дали ми треба „деветка“? Немам ништо против, но и вака е одлично.
– Вечерва имавме речиси перфектно издание. Постигнавме шест, а можевме најмалку десет гола и тоа против квалитетен и искусен противеник, – рекол тренерот на ПСЖ.
-
Италијапред 14 часа
Матераци го „пецна“ Ибрахимовиќ: Се надевам дека Милан нема да го врати Малдини
-
Формула 1пред 13 часа
Хамилтон му се спротивстави на првиот човек на ФИА, Ферстапен повикан од стјуардите
-
Италијапред 17 часа
Ултрасите на Рома ќе го бојкотираат дебито на Јуриќ
-
Германијапред 13 часа
Милер тресна на земја на бизарен начин, соиграчите паѓаа од смеење (Видео)
-
Англијапред 16 часа
Шпански фудбалер веќе зажалил што го одбил Ливерпул
-
Шпанијапред 18 часа
Гути со свој фаворит за „Златната топка“: Еден фудбалер се истакна на ниво на цела сезона
-
Шпанијапред 14 часа
Реал Мадрид го следи новото „златно момче“ на Валенсија
-
Шпанијапред 16 часа
Тебас за конфликтот со Флорентино: Бевме во добри односи се до еден момент