Поврзете се со нас

Шпанија

Луис Енрике достави статистички доказ преку Твитер за да и одговори на јавноста (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/SEFutbol

Луис Енрике нема баш најмирна работат како селектор на шпанската фудбалска репрезентација, бидејќи често знае да наиде на критики поради честите претумбации и ротации кои ги прави во тимот.

Селекторот постојано вели дека тоа е така поради огромниот избор на репрезентативци кој го има и тој тврди дека лесно може да избере дури 40 патници за мундијалот, но пред да дојде до таа одлука, Шпанија ја освои својата група во Лигата на нации и се пласираше на фајнал-фор турнирот.

Тоа го направи со тесна победа над Португалија во Брага со гол во самата завршница, а триумфот од 0:1 му послужи на Луис Енрике за да испорача и една интересна статистика на социјалните мрежи.

Популарниот „Лучо“ очигледно е незадоволен од критиките кои ги добива неговиот национален тим, па со графикон и покажа на јавноста дека Шпанија е најконстантна репрезентација од 2020-та година наваму.

Луис Енрике направи споредба со најголемите селекции во светот, заклучувајќи дека Шпанија има подобри резултати од најсилните тимови во Европа.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни