Поврзете се со нас

Англија

Луис Дијаз се огласи за својата иднина по големиот интерес од „клубот од соништата“

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/LFC

Луис Дијаз во минатото самиот изјави дека Барселона е неговиот клуб од соништата и дека посакува еден ден да го облече дресот на каталонскиот гигант, но изгледа не е подготвен за таков чекор веќе ова лето.

Барса ја опипа ситуацијата за брзоногото крило и се појави шпекулација дека може да го понуди Рафиња за комплетирање на сензационална размена со Ливерпул, па во период кога навистина се интензивираа овие шпекулации, со изјава од Колумбија се јави самиот Дијаз.

Луис е дел од тимот на Колумбија кој се подготвува за претстојниот турнир на Копа Америка, но иако главен фокус му е репрезентацијата, не пропушти да нагласи деак неговиот приоритет на клупски план останува Ливерпул.

– Многу сум среќен во Ливерпул, станува збор за голем тим и за многу голем клуб. Отсекогаш сакав да бидам во таква средина и навистина сум среќен и релаксиран од последните пишувања.

– Не размислувам на ништо друго, освен на репрезентацијата која е приоритет во овој момент, – изјавил Дијаз за „Гол Каракол“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни