Поврзете се со нас

Италија

Луис Алберто завршил во болница во Рим и оди на принудна пауза

Објавено

на

Фудбалерот на Лацио, Луис Алберто, вечерва бил итно префрлен во болница, каде морало да биде опериран.

Шпанецот добил воспалување на слепото црево и лекарскиот тим во клиниката во Рим проценил дека оперативниот зафат мора да се направи веднаш.

Првичните информации велат дека зафатот бил рутински, а членот на Лацио наскоро ќе биде пуштен на домашно лекување и треба да мирува одреден период.

Проценките се дека Луис Алберто ќе паузира десетина дена, што значи дека сигурно ќе ги пропушти натпреварите против Парма во купот и Сасуоло во првенството.

Лацио привремено останува без еден од фудбалерите кои беа најрасположени на градското дерби со Рома, а Алберто ќе се надева дека може да се врати за дербито со Аталанта, закажано за 31. јануари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни