Лудо загревање за Ролан Гарос: Монфис изрежира неверојатен поен, Хачанов го гаѓаше со топче (Видео)

monfis-topa

Најголемите тениски ѕвезди веќе се во Париз и со напорни тренинзи се подготуваат за грен слемот кој ќе стартува овој понеделник, а во моменти кога доста актуелен беше Новак Ѓоковиќ, исклучително добра тениска лудорија во свој стил изрежира Гаел Монфис.

Францускиот шоумен успеа да ги крене фановите на нозе и за време на спаринг мечот кој го имаше со Карен Хачанов, откако успеа да стигне едно неверојатно топче, а потоа и да поентира со пролизгување. Овој потег на Монфис наиде на овации од присутните, а рамнодушен не остана ниту Хачанов кој најпрво го гаѓаше со топче, а потоа со прегратка му честиташе за поенот.

Facebook Коментари