Поврзете се со нас

Шпанија

Лудо попладне во Ла Лига: Осасуна победи со два еврогола, вториот беше постигнат од невозможна позиција (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/Osasuna

Шпанската програма денеска носи четири пресметки во Ла Лига, а возбудувањата започнаа со спектакуларен натпревар меѓу Осасуна и Хетафе.

Домашниот тим од Памплона го доби трилерот и победи со 3:2, но овој меч ќе се памети по двата еврогола кои ги постигнаа домашните фудбалери.

Првиот беше дело на Муњоз кој постигна спектакуларен волеј погодок за предност од 2:0, но откако Хетафе израмни на 2:2 во вториот дел, моментот на одлука пристигна во 80-та минута.

Хесус Аресо успеа да постигне од невозоможна позиција и од навистина невозможен агол, па со магијата која ја режираше ги збуни и фановите на трибините.

Со овој гол се стави точка на мечот и Осасуна успеа да победи со 3:2.

Видеото од голот на Муњоз погледнете го ТУКА  

Магијата на Аресо погледнете ја ТУКА

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни