Поврзете се со нас

Шпанија

Лудо дерби мадрилењо, Кореа во „последен час“ го спаси Атлетико од пораз (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:x.com/mundodeportivo

Атлетико Мадрид и Реал Мадрид одиграа без победник во дерби средбата од осмото коло од најсилната шпанска фудбалска конкуренција.

Популарното „мадрилењо“ донесе од се по нешто, голема борба, црвени и жолти картони, тензии, прекин и луда завршница во која домаќините се спасија од пораз.

Најважните моменти се случија во второто полувреме иако и во првиот дел имаше ситуации во кои можеше да се затресат мрежите на Облак и Куртоа. Првиот удар го зададоа „кралевите“ во 64 минута кога дефанзивецот Милитао со силен и прецизен удар погоди за 1-0.

Набрзо потоа дојде до тензии, домашните навивачи фрлаа запалки и други предмети на теренот и Куртоа и некои 15-20 минути средбата беше во прекин. Потоа актерите се вратија на теренот, имаше удари на двете страни, но дури во 95 минута играчите на Атлетико пронајдоа начин и преку резервистот Кореа погодија за 1-1.

Првично голот беше поништен поради офсајд, ама со помош на ВАР се увиде дека се е регуларно по што домаќините можеа да се израдуваат. До крајот црвен картон заработи Љоренте со што се заклучи овој натпревар за кој дефинитивно ќе се говори и наредниве денови.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни