Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Лудница во Мадрид: Реал во „пет до 12“ обезбеди продолженија против Сити (Видео)

Објавено

на

Навистина неверојатна завршница имаше вечерашниот натпревар на „Сантијаго Бернабе“ помеѓу Реал Мадрид и Манчестер Сити.

„Граѓаните“ беа многу блиску до пласман во финалето на Лигата на шампионите откако имаа предност од 1:0 по голот на Марез постигнат во 73. минута.

Овој резултат беше на сила се до 90. минута кога Реал изгледаше нокаутиран затоа што мораше да анулира два гола во судиското продолжение.

Тогаш на сцена стапи златната резерва на Анчелоти, Родриго, кој за помалку од минута и половина на два пати го матираше Едерсон и го вратија Реал во живот.

Следат продолженија кои со сигурност ќе понудат нови големи возбудувања.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни