Поврзете се со нас

Англија

Лудница на „Виталити“: Борнмут направи пресврт по три гола негатива на полувреме (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/afcbournemouth

Фудбалерите на Борнмут приредија големо шоу за своите фанови, правејќи неверојатен пресврт за едно полувреме на премиерлигашката пресметка со Лутон.

Гостите брзо поведоа преку Чонг кој реализираше во 9. минута, а до полувреме водеа со 0:3 со головите на Огбене и Баркли.

Но, тој резултат не само што не ги откажа домаќините, туку тие направија голем пресврт по паузата.

Соланки ја отвори серијата, Забарњи намали на 2:3, а Семењо со два гола го комплетираше неверојатниот пресврт за конечни 4:3.

Овој натпревар беше повторување на средбата која првично беше прекината поради здравствените проблеми на гостинскиот капитен Том Локјер, а за Борнмут ова е и прва победа на „Виталити“ во 2024 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни