Поврзете се со нас

Шпанија

Лудница на „Метрополитано“: Гризман погоди во 94 минута, Атлетико го доби неверојатниот меч со седум погодоци (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:x.com/elchiringuitotv

Барселона и Реал Мадрид постајано се во фокусот на јавноста како две екипи кои се борат за титулата во Шпанија, но во таа трка дефинитивно е и Атлетико Мадрид по одличната серија на резултати која вечерва продолжи со спектакуларен пресврт на „Метрополитано“.

Атлетико иако прв поведе во соочувањетото се Севилја (преку Де Пол) се најде во многу тешка ситуација до 62 минута затоа што дозволи противникот комплетно да го сврти резултатот и да води со 3-1 во Мадрид со погодоците на Лукебакио, Ромеро и Санчез.

Меѓутоа „душекџиите“ се тим со многу енергија, карактер и никогаш не смеат да се отпишат особено кога играа во својот дом пред своите навивачи, па од 62 до 94 минута домашните фудбалери погодија трипати и на крајот славеа со 4-3.

Искусниот Гризман реализираше двапати од кои ќе се памети оној вториот во судиското продолжение, а убав гол даде и Лино.

Клубот од Мадрид има 35 бода, еден помалку од Реал и три од лидерот Барселона.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни