Поврзете се со нас

Шпанија

Лудило во Шпанија: Пред 11 години играа четвртфинале во ЛШ, сега на спектакуларен начин го прославија пласманот во Втора лига (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/MalagaCF_en

Малага своевремено беше стандарден дел од шпанската елита и клубот доживеа посебни моменти во првата фаза од втората деценија во новиот век, но откако тимот беше деел од четвртфиналето во Лигата на шампионите, следеше голем пад во секое поле.

Клубот од Андалузија почна да тоне по банкротот кој беше објавен и тимот оваа сезона се натпреваруваше во третата лига, но вчеравечерр преку финалниот плејоф беше обезбеден влез во Втора лига.

Малага ја доби финалната драма со Химнастик и со гол во 121-та минута израмни на 2:2, гол кој значеше дека нема да дојде до изведување на пенали.

Погодокот на Кордеро се покажа како злато вреден за андалузијците кои обезбедија пласман во Втората шпанска лига, а сето тоа предизвика лудило во градот Малага.

Спектакуларниот влез во Сегунда доаѓа 11 години по четвртфиналето во Лигата на шампионите, па иако сегашноста е многу поразлична, тоа не ги спречило навивачите на клубот да режираат спектакл на аеродромот при пречекот на своите миленици.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни