Лудило во Русија: Фудбалер си го избриша носот со 70 евра (Видео)

Stanislav Manayev

Кога е во прашање спортот, а во конкретниов случај фудбалот имаме забележано многу необични и контроверзни моменти во и надвор од теренот со тоа што во таа група спаѓа и ситуацијата кога ни доаѓа од Русија.

Младиот руски фудбалер Станислав Манајев си го избриша носот со банкнота од 5000 рубљи (70 евра) при што упати порака:

-Можев да ги дадам овие пари кои им се потребни на луѓето, но тоа нема да го направам затоа што ми тече носот, -порачал Манејев.

Овој потег наиде на осуда од јавноста во Русија, а на контраверното видео реагираше и министерот за спорт, Павел Колобков.

-Нема сомнеж, ова видео покажува колку е ниско нивото на култура на овој играч, сигурен сум ќе му послужи како лекција, порачал Колобков.

Facebook Коментари