Поврзете се со нас

Англија

Лудило во Премиер лигата: Тинејџер го израдува Јунајтед во драмата со седум гола на „Молињу“ (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/ManUtd

Составот на Манчестер Јунајтед излезе како победник од лутиот меч со Вулвермемптон кој вечерва се одигра на „Молињу“ во рамките на 22. коло во Премиер лигата.

Избраниците на Ерик Тен Хаг водеа со 2-0 и со 3-1 на оваа пресметка, меѓутоа одново покажаа слабости кои можат скапо да ги чинат во некоја друга прилика, ама не и денеска затоа што нивен спасител во 97 минута беше тинејџерот Коби Мејну.

Коби во 97 минута изведе магија, си поигра со домашната одбрана и биеше мајсторски за 4-3 и голема радост на „црвените ѓаволи“. Со ова талентираниот Мејну не дозволи Јунајтед да остане без целиот плен на ова незгодно гостување.

Во листата на стрелци за гостите се запишаа Рашфорд, Хојлунд и МекТоминеј, додека на спротивната страна погодија Килман, Сарабија и Нето.

Четата на Тен Хаг сега има 35 бода и е на 7. место на табелата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни