Поврзете се со нас

Лига Европа

Лудило во Лига Европа: Рен остана без осминафинале поради правило кое малкумина го знаат (Видео)

Објавено

на

Рен и Вилјареал одиграа неверојатно возбудлив и атрактивен натпревар во битката за првото место во групата Ф, па на крајот еден гол и еден бод го однесоа шпанскиот тим во осминафиналето.

Избраниците на Марселино успеаја да победат со 2:3 и да го преживеат драматичниот крај на мечот, во кој Рен успеа да израмни на 3:3 и да се израдува на директен пласман меѓу 16-те најдобри, за потоа да гледа како погодокот е поништен поради несекојдневно правило .

Асењон успеа да погоди и да израмни на 3:3 со вториот гол на натпреварот, но истиот сепак беше поништен поради правило кое малкумина го знаат.

Дел од француските медиуми пишуваа дека Рен е ограбен за чист гол на својот стадион, меѓутоа правилото кое го воведе ФИФА му даде за право на судијата да го поништи погодокот по проверка на ВАР.

Имено, погодокот беше поништен поради слободниот удар кој беше изведен во зачетокот на акцијата, бидејќи изведувачот на прекинот двапати ја допре топката, без еден друг играч да учествува во акцијата. Според правилото на ФИФА, изведувачот не смее по вторпат да ја допре топката ако некој не ја допре во меѓувреме, а во ваквии ситуации рамката од голот не се смета за учесник во акцијата.

Енцо Ле Фе ја погоди гредата од слободен удар и топката неверојатно се врати во неговите нозе, а бидејќи тој прв имаше допир во продолжение од акцијата, на крајот погодокот беше поништен и Ред остана без осминафинале.

Видеото погледнете го ТУКА

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни