Поврзете се со нас

Евролига

Лудило во кошаркарската елита: Турското дерби во Евролигата заврши со гризење на теренот (Видео)

Објавено

на

Првиот натпревар на Фенербахче во овогодинешното издание на Евролигата донесе клинч меѓу тренерите Барцокас и Јасикевичиус, но нималку мирно не беше ниту на вториот кој го одигра великанот од Истанбул.

Големото турско дерби во Евролигата донесе очекувана жестина на теренот, но одредени поединци ги надминаа границите на нормалното и режираа сцена за чудење.

Фенербахче како гостин го победи Анадолу Ефес со 78:83, но овој меч беше одбележан од еден агресивен инцидент на двајца играчи на крајот на третата чевртина.

Брајант од Ефес и Биберовиќ од Фенербахче завршија зад кошот и почнаа една физичка пресметка, а во истата, гостинскиот кошаркар ја користел и устата.

Иако тоа не се виде во телевизискиот пренос, една фотографија јасно покажува дека Брајант го гризнал Биберовиќ, па сега повеќе од сигурно е дека дисциплинците на Евролигата ќе имаат полни раце работа.

Наивен не беше ниту членот на Фенербахче, што може да се заклучи од гребаниците кои ги имаше Брајант по своето тело.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни