Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Лудило во Келн: Кил по голема драма им стави крај на надежите на Манасков и Веспрем за титулата во ЛШ

Објавено

на

Бундеслигашот Кил ќе биде противникот на Барселона во големото финале во Лигата на шампионите. Ова е резултатот, епилогот по второто денешно полуфинале во Келн каде германскиот клуб по една вистинска драма и продолженија беше подобар од Веспрем на Дејан Манасков со 36-35.

Средбата во „Ланксес Арена“ беше неверојатна, луда и вистинска штета е што истата се одигра без присуство на публика. Кил доминираше во првиот дел, водеше и со седум голови разлика, но Веспрем во финишот се избори за „само“ минус пет.

Во продолжението се променија работите, унгарскиот гигант влезе во ритам и се избори за комплетен пресврт, па дури и за водство од 28-24. Сепак тука Веспрем застана, па до крајот на регуларниот дел даде само еден гол, прими дури 5 за конечни 29-29 што значеше дека во Келн ќе мора да се играат дополнителни десет минути.

Истите одново донесоа многу неизвеснот, решија нијанси кои беа на страната на „зебрите“ за конечни на крајот 36-35 и финален натпревар со Барса за пехарот во елитното натпреварување.

Пекелер со 8 и Екберг со 7 гола беа први стрелци кај Кил, кај Веспрем Маргуч и Борозан реализираа по 7 погодоци.

Нашиот Манасков беше автор на два погодоци од вкупно четири шутеви.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни