Поврзете се со нас

Франција

Лудило во Франција: Алексис за малку ќе се повредеше на првата средба со френетичните фанови (Видео)

Објавено

на

Алексис Санчес пред два дена се врати во Милано со една единствена цел, па откако ја оствари истата, тргна во нова авантура во својата фудбалска кариера.

Чилеанецот спогодбено го раскина договорот со Интер и тргна по свој пат по етапата во Италија, односно направи трансфер како слободен агент во Франција.

Алексис ја прифати понудата на Марсеј и ќе биде голема ѕвезда во проектот на Игор Тудор, а како таков беше дочекан од Франција уште при слетувањето во Марсеј.

Навивачите на Марсеј кој важат за едни од најфренетичните во Франција приредија вистински спектакл за Санчес, кој понесен од еуфоријата, за малку ќе заработел и повреда уште во воведот.

Обезбедувањето мораше да реагира поради ризичниот потег на Алексис, кој денеска треба да ги мине медицинските прегледи и официјално да биде претставен како играч на Марсеј.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни