Лудило во Чешка: Славија со урнебесен гол ја шокираше Севилја во 119. минута (Видео)

slavija-1

Славија Прага и Севилја го одиграа убедливо највозбудливиот осминафинален двомеч во Лига Европа, бидејќи и двата тима се ориентираа на офанзивен пристап на двата меча кои понудија многу голови и возбудувања до последен момент.

По почетните 2:2 во Шпанија, Славија и Севилја го повторија овој резултат вечерва во Чешка по 90 минути игра, па така се отиде во дополнителни 30 минути игра кои донесоа неверојатна лудница на теренот. Во регуларниот дел, стрелци на головите беа Нгаду и Соучек за домаќините, односно Бен Једер и Мунир за гостите, но сепак највпечатливо беше тоа што се случи во продолжението.

Севилја постигна гол преку Васкез во 98-та минута и се чинеше дека направи круцијален чекор за пласман во четвртфиналето, но сепак домаќините не се откажаа и до крајот направија чудо. Ван Бурен израмни на 3:3 во 102-та минута, а вистинско лудило настана во 119-та минута кога Траоре постигна причично урнебесен гол во ситуација кога доби голема помош од Кјаер кој имаше катастрофална реакција на гол линијата.

Со конечните 4:3 и севкупни 6:5, Славија се пласираше меѓу најдобрите осум екипи во Лига Европа, рунда во која ќе ја гледаме и Бенфика која по продолженија го совлада Динамо со 3:0. Претходно, учество во четвртфиналето обезбедија Челси, Наполи, Валенсија, Арсенал, Вилјареал и Ајнтрахт.

Facebook Коментари