Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Лудило во Битола: Храбриот Пелистер му „откина“ бод на залетаниот Спортинг

Објавено

на

foto:www.facebook.com/rfmofficial

Екипата на Еурофарм Пелистер во еден борбен, драматичен и луд натпревар успеа да ја прекине серијата на порази во Лигата на шампионите и тоа против составот кој „лета“ во актуелнава кампања, португалски Спортинг.

Македонскиот првак со максимална посветеност, цврста игра сосема заслужено на крајот се избори за реми од 24:24. „Зелено-белите“ имаа осцилации во играта, но држеа ритам и по 30 минути имаа предност од 15:13 на семафорот.

Добри беа и во вториот дел во салата „Боро Чурлевски“ каде дојдоа и до позитива од четири разлика, меѓутоа гостите од Лисабон не се предаваа, комплетно се вратија во игра и во еден момент избегаа на три разлика (24:21). Многумина тука го отпишаа Пелистер, ама избраниците на Ангеловски беа упорни и со серија од 3-0 која беше заоркужена со погодокот на Атанасијевиќ во самата завршница се дојде до реми, прв бод за клубот од Битола по серијата од 17 порази во низа во елитното натпреварување.

По пет гола во македонскиот тим запишаа Пешевски, Кузмановски и Радивојевиќ, голманот Митревски имаше 10 одбрани.

Во составот на Спортинг, по пет гола имаа Мартим Кошта, Гури и Салвадор.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни