Поврзете се со нас

АТП

Лудило во Аргентина: Ѓоковиќ ќе биде дел од тениски спектакл во Буенос Аирес и ќе игра против домашниот миленик (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/Wimbledon

Новак Ѓоковиќ имаше неочекувано кратка авантура во Њујорк и доживеа елиминација на Ју-Ес Опен уште во третата рунда, пораз кој направи Србинот малку да го измени својот план за завршницата од сезоната.

Поради раната елиминација, Новак се регрупираше и се пријави да биде дел од српскиот Дејвис тим кој ќе игра наредната недела, но во меѓувреме излезе информација дека ќе биде активен и на почетокот на месец декември.

Ноле при доаѓањето во Њујорк имаше специјална средба со Хуан Мартин Дел Потро и одработи тренинг со својот добар пријател, но средбата во Америка ја искористиле за да договорат и еден специјален настан.

Ѓоковиќ прифатил да биде специјален гостин на прошталниот меч кој ќе го има Делпо во својата родна Аргентина, па така мечот кој ќе се одигра на 1-ви декември ќе биде вистински спектакл.

Мечот меѓу поранешните ривали денеска доби најава со кратка конверзација меѓу двајцата, која завршува со реплика на Србинот:

– Доаѓам за тебе и за Аргентина, секако дека доаѓам……

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни