Поврзете се со нас

Франција

Лудило: ПСЖ одбил 300 милиони евра за Нејмар

Објавено

на

Пари Сен Жермен подолго време гради проект во кој главната цел е да се освои Лигата на шампионите, а главното оружје во таа мисија дефинитивно е Нејмар кој во 2017 година беше донесен од Барселона за рекордна трансфер сума од 222 милиони евра.

Меѓутоа откако Бразилецот пристигна во Париз постојано се шпекулира со неговата иднина, негово незадоволство, односно дека се кае дека ја напуштил Шпанија, но еве поминаа неколку години и тој понатаму е на „Паркот на принцовите“.

Одлична можност за негов супер трансфер на Пиринеите имало во 2019 година кога Реал Мадрид верувале или не бил подготвен да плати луди и неверојатни 300 милиони евра.

-Во тоа време беше блиску да замине во Реал Мадрид. Реал сакаше да плати 300 милиони евра. Флорентино Перез тоа ми го кажа, ама Насер (Ал Келаифи) одби. Не за милијарда, тој нема да си оди! Така ми кажа, -откри Вагнер Рибеиро кој е поранешен агент на Нејмар.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни