Поврзете се со нас

Европски првенства

Лудило по полуфиналето: Лице од обезбедувањето му влезе со лизгачки старт на Мората (Видео)

Објавено

на

Лицата кои се задолжени за сигурност на стадионите имаат многу работа на турнирот во Германија, а така беше и за време на полуфиналето меѓу Шпанија и Франција.

Безбедносните лица во Минхен имаа полни раце работа и бркаа „натрапник“ на теренот за време на мечот, но таква ситуација се повторила и по последниот судиски свиреж.

Фановите направиле се за да дојдат блиску до своите миленици во обидот да направат селфи, а еден член од обезбедувањето се занел на тревата, по што му нанел и непријатен удар на Алваро Мората.

Лице од обезбедувањето му влегло со лизгачки старт на Мората и Алваро веднаш се пожалил на болка во коленото, што всушност е втора ваква ситуација на ова Европско првенство.

По мечот меѓу Португалија и Турција, напаѓачот Гонсало Рамош беше тој кој настрада откако член од обезбедувањето му влезе со две нозе.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни