Велосипедизам
Лудило на легендарната трка во Лиеж: Почна предвреме да ја слави победата, па доживеа шок (Видео)

Жулијан Алафилип е актуелен светски шампион во велосипедизам, но од ова попладне и човек кој ќе биде доста исмеван на социјалните мрежи поради киксот кој го направи на легендарната трка која се возеше во Белгија.
Традиционалната трка Лиеж-Бастон-Лиеж донесе неверојатна драма во спринт завршницата, која на крајот ни донесе и луд фото финиш каков што ретко може да се види во велосипедизмот.
Францускиот возач Алафилип беше прв, но почна прерано да ја слави победата пред да ја мине завршната цел, па беше брутално казнет од страна на Примож Роглич кој му се прикраде од зад грб.
Словенецот кој заврши втор на годинешното издание на Тур Де Франс го искористи невниманието и опуштањето на Алафилип, па така на крајот тој се израдува на голема и инфаркт победа на традиционалната трка во Белгија со должина од 257 километри.
За да биде денот уште погорчлив за Алафилип, на крајот беше казнет поради непрофесионален потег пред завршниот спринт, па не се најде ниту на пиедесталот на трката во Белгија, завршувајќи дури како петопласиран.
🤭 Roglic
😱 Alaphilippe#LiegiBastogneLiegi #LBL pic.twitter.com/k0SFrzZ0ki— Tiempo de Juego (@tjcope) October 4, 2020

- Англијапред 24 часа
Солскјер откри кој е најлош губитник во Јунајтед: Сите мислат дека тоа е Бруно, но….
- Балканпред 20 часа
Уапсен претседателот на Фудбалскиот сојуз на Србија, имал блиски релации со „српскиот касап“ Веља Неволја
- Италијапред 19 часа
Не е подготвен за италијанскиот фудбал: МекКени не можеше да го тргне погледот од задникот на Дилета Леота (ФОТО)
- Англијапред 22 часа
Клубови од Италија и Шпанија заинтересирани за играч на Манчестер Јунајтед, од клубот му подготвуваат нов договор
- Англијапред 20 часа
Тухел откри дека добил „корпа“ од најголемата ѕвезда на Манчестер Јунајтед: Сериозно го сакав во мојот тим
- НБАпред 17 часа
Дончиќ: Не можете да ме споредувате со Лери Бирд
- Шпанијапред 19 часа
Пике ги предупреди ривалите: Се уште сме живи, сезоната комплетно ќе се смени…
- Италијапред 16 часа
„Бум-бум“ Иле: Несторовски доби вистинска шанса и ја реши Фиорентина (ВИДЕО)