Лудило на Филипините: Брутална тепачка меѓу репрезентативци, тринаесет исклучени кошаркари (Видео)

filipini-avstralija

Дуелот од квалификациите за пласман на Светкото првенство меѓу Филипините и Австралија не го доживеа својот крај, а причината за тоа е бруталната тепачка на репрезентативците на двете земји.

Хаосот настана во третата четвртина при водство на „кенгурите“ од 79-48, хаос при кој поради насилно однесување беа исклучени дури 13 играчи. Кај Австралија четири играчи беа испратени предвреме на туш, додека кај домаќините беа казнети дури 9 кошаркари.

Дуелот продолжи со тројца Филипинци и пет Австралијци, по што набрзо двајца домашни играчи направија по пет лични грешки со што официјалните лица го прекинаа натпреварот при резултат од 89-53 за фаворитот.

ФИБА веќе покрена дисциплинска постапка и се очекува двете селекции да заработат сериозни казни.

Facebook Коментари