Поврзете се со нас

Свет

Луди сцени на „Велодром“: Емери заработи црвен картон, Сампаоли тргна да се тепа со својот колега (Видео)

Објавено

на

Марсеј и Вилјареал премногу сериозно го сфатија подготвителниот меч за новата натпреварувачка сезона, па покрај тоа што беше тензично на теренот, стана драматично и крај линијата каде до израз дојдоа темепраментите на двајцата тренери.

На стартот на вториот дел, Унаи Емери доби исклучување од судијата поради силни протести за еден старт, но пред да го напушти теренот, предводниот на Вилјареал имаше што да му каже и на својот колега.

Темпераментниот Аргентинец Хорхе Сампаоли не го прифати ова баш добро и тргна да се тепа со тренерот на шпанскиот тим, па добра вест беше што помошниците беа блиску до него и спречија близок контакт на двајцата стручњаци.

Овие луди сцени направија наредните неколку минути да бидат доста проблематични, па Фојт заработи црвен картон и Вилјареал го заврши мечот со десет играчи.

Инаку, пресметката се играше на „Велодром“ и истата заврши со резултат 2:1 за Марсеј (Нино автогол, Паје и Морено).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни