Поврзете се со нас

Евролига

Лудата завршница го збуни тренерот на Димитријевиќ: Тргна да ја слави победата, па се разочара откако го виде резултатот (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:x.com/OlimpiaMI1936

Ненад Димитријевиќ одигра уште еден добар натпревар во дресот на Олимпија Милано, но овојпат и неговиот учинок не беше доволен за да италијанскиот тим слави над Алба во Берлин во рамките на 9. коло во Евролигата.

Иако домаќините не можеа да сметаат на доста играчи, максимално се бореа за секоја топка, секој сантиметар од теренот и на крајот по дополнителните пет минути обезбедија триумф од 105:101.

Популарните „манекени“ уште еднаш покажаа дека имаат проблеми со констатноста во играта, особено во завршниците кога загубија неколку мечеви во сезонава. Драмата во Берлин дури го збуни и тренерот на Милано, Еторе Месина кој мислеше дека неговиот тим остварил победа.

Имено гостите не реализираа напад против Миротиќ за да потоа Спањоло ја земе топката и не реализра за германскиот состав по што Месина се израдува и тргна да се поздрави со колегата на спротивната страна, ама набрзо сфати дека е нерешено и ќе се игра продолжение во Берлин.

ОВДЕ можете да ја погледнете целата ситуација.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни