Поврзете се со нас

НБА

Лудата партија на Словенецот: Дончиќ и неговите 73 поени против Атланта (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/ESPNStatsInfo

Лука Дончиќ имаше партија за историја во НБА лигата, неверојатн меч против Атланта Хокс во кој постигна дури 73 поени.

Дончиќ за историја: Лука ја прегази Аталанта и постави многу рекорди со бројот на поени

Тој беше незадржлив за домашниот тим и со ова негово издание постави многу рекорди. Словенецот е играч со најмногу уфрлени поени на меч во НБА лигата по Коби Брајант кој во 2006 година „испука“ 81 против Торонто Репторс.

Севкупно историски гледано само уште еден играч (покрај Коби) има уфрлено повеќе поени од Дончиќ и тоа е Вилт Чембрлен кој има партии со 100 и 78 поени.

Долго ќе се зборува за овој натпревар на ѕвездата на Далас Маверикс, а како тој ги растури „јастребите“ од Џорџија погледнете во следново видео.

Резултати:
Атланта – Далас 143:148
Шарлот – Хјустон 104:138
Индијана – Феникс 133:131
Торонто – Лос Анџелес Клиперс 107:127
Мемфис – Орландо 107:106
Милвоки – Кливленд 100:112
Њу Орлеанс – Оклахома 83:107
Сан Антонио – Портланд 116:100

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни