Поврзете се со нас

Англија

„Лудакот“ Биелса му се пушти на својот преведувач по средбата со Ливерпул: Зборувај погласно (Видео)

Објавено

на

blank

Марсело Биелса уште еднаш се покажа како фантастичен стратег откако одлично ја имаше анализирано играта на Ливерпул кој се изнамачи за да стигне до победа против неговиот Лидс.

Актуелниот англиски шампион славеше победа со 4:3 со гол постигнат во последните моменти од натпреварот.

По натпреварот, Биелса даваше интервју во кое го изнесуваше своето видување за средбата, а како што навикнавме со него беше и преведувачот кој редовно го следи на прес конференцијата.

Додека преведувачот зборуваше, Биелса на два пати со остар тон го опомена да зборува погласно пред камерите, а реакцијата на човекот до „лудакот Биелса“ беше непроценлива.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни