Поврзете се со нас

НБА

Лудачките тројки со кои Кари го откажа Бостон во финалето (Видео)

Објавено

на

Со исклучок на почетокот на мечот кога домаќините отворија со 14:2, Бостон едноставно немаше никаква шанса на шестиот меч од финалната серија против Голден Стејт, а главна причина за тоа беше супер расположениот Стеф Кари кој стави точка на НБА возбудувањата.

„Воините“ го добија финалето со 4:2 и триумфираа во „Ти-Ди Гарден“ кај Бостон, инспирирани од својот најдобар кошаркар кој постигна 34 поени и уфрли шест тројки.

На претходниот меч, Кари не уфрли ниту една тројка, но затоа сега го намести нишанот и постигна шест, од кои три беа навистина лудачки во третата четвртина.

Стеф најпрво ги измести Тејтум и Вилијамс, потоа си поигра и со Смарт, а во овој период се погрижи и за највисока предност од 22 разлика со погодок од огромна далечина.

Во тие моменти, Кари почна да ги брои своите шампионски прстени (вкупно четири), па до крајот на мечот погоди уште една тројка и сосема заслужено беше избран за МВП во финалето.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни